Англиски фан хоспитализиран по несреќа во Волгоград

30

Навивач на англиската фудбалска репрезентација заврши во болницата во Волгоград по несреќата што ја доживеал во пресрет на натпреварот со Тунис одигран синоќа во Волгоград.

– Англискиот навивач најверојатно при пад на тврда површина претрпел потрес на мозокот, кај него се дијагностицирани повеќе повреди и фрактури – соопшти претставникот на регионалната здравствена комисија. Тој истакна дека повредениот високо ја оценил ефикасноста и квалитетот на медицинската нега што му била дадена.

Несреќниот фан немаше можност во живо да ја проследи победата на Англија над Тунис со 2:1.