Аналитичари: Еднократни напади во Сирија ќе немаат ефект

1136

Во првите реакции по денешните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, аналитичарите имаат различни оценки – од тоа дека еднократна акција, нема да има ефекти, до став дека САД имаат непредвидлив претсеател од кој може се да се очекува.

Повеќемина аналитичари во изјави за Си-eн-eн укажуваат дека еднократни напади би биле без ефект и дека само нивно продолжување може да го спречи режимот во Сирија да користи хемиско оружје.

Тие сметаат дека проблеми прави присуството на Русија во Сирија и ја ограничува воената коалиција предводена од САД да биде поефикасна.

Аналитичарите сметаат дека би Трамп можел да почека прво да се изврши најавената инспекција што треба да утврди дали во Сирија е користено хемиско оружје.

Дел од нив се со став дека Трамп со нападте само отфрла некои лични проблеми што ги има на домашен терен, укажувајќи дека американскиот претседател успеал „многу убедливо да ја продаде својата приказна“.

Додека неговите генерали тврдат дека се работи за еднократна акција, Трамп се однесува конфузно. сп што дополнително се комплицира ситуацијата, сметаат соговорниците за Си-eн-eн.

Тие оценуваат дека интервенцијата за Трамп е политички императив за да повлече „црвена линија“ со која јасно сака да порача дека хемиското оружје не смее да се користи.

Дел од нив велат дека Трамп сега нема координација со генералите и ситуаицјата со тоа станува поопасна и непредвидлива и сето тоа може да предизвика војна која никој не ја сака.

Аналитичари оценуваат дека ситуаицјата со американското лидерство не е добра, бидејќи САД имаат шретседател кој е непредвидлив и се поставува прашање како ќе се решаваат останатите кризи на стабилен начин.