Амфетаминот – од дрога за подобрување на воените перформанси до зло на денешницата

984

Групата на синтетички дроги познати како aмфетамини го стимулираат централниот нервен систем, го намалуваат заморот и апетитот, и ја зголемуваат будноста и чувството за среќа. Метамфетаминот, кој спаѓа во група, е особено моќна дрога која предизвикува силна зависност и денес е најпознат под името „кристален мет“. Првите истражувања во правец на создавање на оваа дрога беа направени од страна на јапонските хемичари Нагајоши Нагаи и Акира Огата. Но, амфетаминот за прв пат беше синтетизиран во 1927 година од страна на младиот британски хемичар Гордон Алес во лабараторија при Универзитетот во Лос Анџелес и неговата формула стана достапна за комерцијална медицинска употреба.

Во текот на Втората светска војна, јапонската империјална влада се обиде на своите воени сили да им обезбеди фармаколошка предност, договарајќи производство на Метамфетамин кај домашните фармацевски комопании. Таблетите познати како Филопон или Хиропин, им беа доставувани на јапонските пилоти и војници. Покрај тоа, владата им ја доставуваше на работнците во воената индустрија, меѓутоа и на работниците кои работе во производството на самата дрога со цел да ја зголеми нивната продуктивност. Овој воен стимуланс, Јапонците го именува како „сенрјоку зокјо заи“ или дрога за инспирација на воениот дух. Камиказe („божји ветер“) пилотите особено земаа големи дози на Метамфетамин преку инјекција непосредно пред нивните самоубиствени мисии, а добиваа и апчиња кои се состоеа од Метамфетамин измешан со зелен чај, познати како Тотстугеки Јо.

Камиказа пилоти

По завршувањето на Втората светска војна, многу војници од различните завојувани нации се вратија дома како зависници на aмфетамин, меѓутоа овој проблем бил најтежок во Јапонија која ја доживеала својата прва зависничка епидеимија во историјата. Многу војници и работници по војната продолжија да ја злоупотребуваат оваа дрога која беше лесно достапна поради големите армиски залихи. Во 1945 година кога Јапонија капитулираше постоеа големи резерви на Хиропин во воените магацини, болниците и складиштата. Дел од резервите беа испорачани во амбулантите, но најголемиот дел завршиле на црниот пазар. Јапонските криминални организации, познати како Јакузи, презеле дел од дистрибуцијата и трговијата со дрога на крајот ќе стане нивниот најважен извор.

До 1954 година во Јапонија бројката на зависници на Афетаминот изнесувала 550 000 луѓе, но според еден друг податок 1,5 милиони Јапонци користеле метамфетамин во 1954 година. Високите стапки на злоупотреба на амфетаминот во Јапонија започнаа да се намалувата кон крајот на 50-те и почеткот на 60-те години на 20 век кога оваа азиска држава доживува економски раст со што беа создадени нови работни места. Но, метамфетаминот и во следните децении останал најпопуларна злоупотребувана дрога.