Америка ќе се обиде да ја заврши „бесконечната војна“ на преговарачка маса

138

САД ги продолжија разговорите со талибанците во Доха, Катар, чија цел ќе биде да се намали насилството, што треба да доведе до внатрешни разговори во Авганистан и прекин на огнот, пренесуваат светските медиуми, повикувајќи се на извор на администрација во Вашингтон.

Преговорите продолжија по три месеци откако американскиот претседател Доналд Трамп нагло ги прекина дипломатските напори за излегување на Америка од најдолгата војна што ја водела – во Авганистан. Оружениот конфликт што почна на 7 октомври 2001 година, американските медиуми честопати го нарекуваат „бесконечната војна“. Во досегашните борби животот го загубија околу 70 илјади лица.