Америка одобри лек за лекување пациенти од коронавирус

104

Соединетите Американски Држави викендов одобрија итна употреба на експериментален лек за лекување на ковид-19 откако клиничкото испитување покажало дека тој им помогнал на пациентите со сериозни случаи на болеста побрзо да закрепнат. Лекот „ремдесивир“ ќе се користи за итна употреба само кај хоспитализирани пациенти, но, сепак, според податоците од тестирањето, тој не ја подобрува значително стапката на преживување.

Одобрувањето на лекот доаѓа откако повеќе американски држави почнаа да ги олеснуваат рестриктивните мерки во момент на пораст на бројот на домашни жртви и предупредувањата од здравствените експерти. Со речиси 1,2 милион заразени со коронавирус и повеќе од 65.000 смртни случаи, Соединетите Американски Држави се сметаат за земја што е најтешко погодена од пандемијата.