Американски обвинители ги запленија предметите на Асанж во еквадорската амбасада

63

Имотот на Џулијан Асанж од времето кога тој живееше во амбасадата на Еквадор во Лондон ќе им биде предаден на американските обвинители, соопштија денеска од „Викиликс“.

Официјални претставници од Еквадор се во Лондон за да им одобрат на американските обвинители да ги подигнат предметите кои му припаѓале на Асанж, вклучувајќи и правни документи, медицински извештаи и електронска опрема, пренесе „Гардијан“.