Американски воен брод се подготвува за испловување кон Црното Море?

371

САД почнаа да се подготвуваат за испловување на воен брод во Црното Море и побарале од Стејт департментот за тоа да биде известена Турција, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тројца високи функционери.

Тие велат дека чекорот претставува одговор на тоа што Русија заплени три украински брода кај Керченскиот Теснец, кој го поврзува Црното со Азовското Море.

САД е должна да ја извести Турција за минувањето на воен брод низ теснецот согласно Конвенцијата од Контро од 1936 година, со која се уредува минувањето на воени бродови низ Босфор и Дарданели, кои го спојуваат Средоземното и Црното Море. Спогласно Договорот, земјите кои немаат брег на Црното Море, треба да ја известат Турција најмалку 15 гена пред транзитот низ теснецот.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека САД изведуваат активности согласно Конвенцијата од Монтро.

– Нашата, американска шеста флота е секогаш подготвена да одговори онаму каде е потребно, изјави командантот Кајл Рејнс, портпарол на флотата која ги надгледува поморските операции во регионот.

– Имаме право да дејствуваме слободно и согласно меѓународните закони и норми, појасни командантот. ссм/