Американски бомбардери Б-52 слетаа во Персискиот Залив поради тензиите со Иран

262

Американските бомбардери Б-52, кои Белата куќа ги испрати во Персискиот Залив поради наводни закани од Иран, пристигнаа во американската воена база во Катар, објавија денеска американските воздухопловни сили.

Централната команда на американските воздухопловни сили објави фотографии што ги покажуваат бомбардерите кои во базата „Ел Удеид“ во Катар пристигнале во четвртокот навечер, објави агенцијата АП.

Белата куќа во неделата објави дека во Персискиот Залив ќе го испрати американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, заедно со бомбардери, поради наводна закана од Техеран.

Американската администрација не прецизираше за каква закана конкретно станува збор.

„Линколн“ во четвртокот мина низ Суецкиот канал на пат кон Персискиот залив.

Иран во средата објави дека ќе почне да се повлекува од нуклеарниот договор со западните сили, една година откако САД се повлекоа од договорот.

Иранскиот претседател, Хасан Рухани, им даде 60-дневен рок на европските лидери за тие да најдат начин да го заштитат Иран од санкциите на САД, а во спортивно се закани дека Техеран ќе почне да збогатува ураниум на ниво на оружје, потсетува американската агенција.