„Американскиот талибанец“ ослободен од затвор

92

Џон Вокер Линд, познат како „американскиот талибанец“, кој беше заробен за време на инвазијата на Авганистан пролетта 2001 година, денеска беше ослободен од федералниот затвор во „Тер Хоут“ во Индијана, изјави неговиот адвокат.

Тој ќе се придружи на малата група Американци осудени за тероризам или обиди за тероризам, кои се обидуваат повторно да се вратат на секојдневниот живот во општеството. Оваа група постојано се зголемува.

Линд ќе живее во Вирџинија и ќе биде потчинет на правилата на неговиот полициски службеник задолжен за условната казна и неговиот адвокат Бил Камингс, пренесува Си-ен-ен.

На Линд му се забранува користење на Интернет и поседување на веб-уреди без претходна дозвола од неговиот полициски службеник задолжен за условната казна. Исто така, му се забранува да патува во странство и да извади пасош или каква било друга патна исправа.