Американската морнарица заплени иранско оружје?

139

Воен брод на американската морнарица заплени оружје за кое се верува дека е од ирански „дизајн и производство“ и вклучува 150 противтенковски проектили и три ирански ракети земја-воздух, соопшти американската армија.

Оружјето е запленето во неделата во Арапското Море, а идентично е со она што друг американски воен брод го заплени во ноември.

Станува збор за противтенковски ракети „Дехлавие“, кои се иранска копија на руската ракета „Комета“, се наведува во соопштението на американската војска.

Во последниве години, американски бродови пресретнаа и запленија иранско оружје насочено главно кон борците Хуту во Јемен, пренесе синоќа „Ројтерс“.

Според резолуцијата на Обединетите нации, Техеран има забрана да снабдува, продава или изнесува оружје надвор од земјата, освен со одобрение од Советот за безбедност.