Американската „војна на зборови“ со Иран се води по познат шаблон

155

Моментната „војна на зборови“ помеѓу Иран и САД има многу сличности со онаа од 2017 година, кога американската администрација ја користеше истата стратегија против Северна Кореја, забележува Си-ен-ен.

Администрацијата на Доналд Трамп користи слични методи како претходно, односно кампања за максимален притисок, номенклатура искористена во дипломатската комуникација и за Техеран и за Пјонгјанг. Целта е да се притесни и направи притисок, па тоа да се преговара. Одговор на закана со ескалација на сопствената, за потоа да се преговаора за да се намалат тензиите и да се прогласи победа.

Во случајот со Северна Кореја, тоа беше ултиматумот наречен „оган и бес“ на Трамп кој ги предизвика најголемите тензии.

– Најдобро би било за Северна Кореја повеќе да не испраќа закани кон САД. Тие ќе бидат пресретнати со оган и бес каков што не виделе претходно – рече тогаш Трамп.

Тој упати слична закана и кон Иран, сега на Твитер.

– Доколку Иран сака да се бори, тоа ќе официјален крај за Иран. Никогаш повторно не им се заканувајте на САД – напиша американскиот претседател.

И покрај тоа што Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун минатата година на средбата во Ханој, Виетнам не потпишаа официјален договор, американскиот лидер прогласи дипломатска победа.

Се уште не може точно да се каже дали стратегијата на Трамп со Северна Кореја вроди со плод, а уште повеќе е нејасно дали ситуацијата со Иран, во која администрацијата на САД користи иста тактика, ќе има ист епилог.