Американската армија ќе ја чува границата со Мексико до изградбата на ѕидот

336

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ја употреби армијата за да ја заштити јужната граница на САД со Мексико.

– Се додека немаме ѕид и соодветна безбедност, границата ќе ја чува војската. Тоа е голем чекор. Не можеме да имаме луѓе кои влегуваат во нашата земја илегално, исчезнуваат и никогаш не излегуваат пред суд – истакна Трамп.

Тој додаде дека за тоа ќе разговара со секретарот за одбрана Џејмс Матис.