Албанци главни снајперисти во Ал Нусра

326

Снајперисти Албанци се борат на страната на Фронтот Ал Нусра во Сирија и како што самите изјавуваат на фронт заминуваат „според потребата на нивните браќа“.

Како што јави дописникот на МИА, ова се наведува во репортажата насловена „Албански снајперисти во земјата Шамит“, како што џихадистите ја нарекуваат Сирија, објавена на неколку џихадистички интернет медиуми и на социјалната мрежа Телеграм.

Во репоретажата се пренесуваат изјави на неколку неидентификувани професионални снајперисти Албанци, кои на албански јазик ја објаснуваат нивната улога во битките потив сириските владини сили и другите противнички групи.

– Ние како снајперисти одиме на фронтот во зависност од потребата на нашите браќа на контролните пунктови. Ние обично доаѓаме на помош на муџахедините кога сакаат да нападнат или кога сакаат да се повлечат од која било точка на бојното поле, вели еден од снајперистите.

Во репортажата се нагласува дека снајперистите Албанци имаат клучна улога во битките на Фронтот и се прикажани снимки на кои се гледа како тие самите на многу професионален начин го модифицираат оружјето.

– Ние имаме многу значајна улога. Благодарение на нашето мајсторство оружјето кое го наоѓаме од заостанатото од Втората светска војна, на многу професионален начин го претвораме во солидно, современо и во голем степен прецизно оружје, вели еден од снајпристите Албанци.

Како што се наведува во репортажата Фронтот Ал Нусра и натаму е активен во реонот на Идлиб, и покрај тековната офанзива на сириските владини сили, потпомогнати од Русите.