Активисти поставија гилотина пред домот на најбогатиот човек во светот

309

Активисти кои протестираат пред куќата на основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, во Вашингтон, барајќи забрана за корпоративно делување, на местото на протестот донеле и гилотина.

Видеото објавено на Твитер во неделата, прикажува двајца демонстранти кои стојат веднаш до гилотината – симбол на неколку револуционерни движења од 19 век.

– Кога сме загрозени и кога нашиот глас не се слуша, време е да повлечеме ножеви – викна еден од демонстрантите на мегафон.

Поставен е и постер кој повикува на протести со парола што гласи „поддржете ги сиромашните, а не богатите“.

Настанот беше најавен на Твитер во саботата. На постерот се обвинува компанијата „Амазон“ дека ги надгледува вработените со помош на полицијата, поттикнува расистички стравови и уништување на синдикатите.

– „Амазон“ го отпушти и расистички го клевети лидерот на синдикатот, Крис Смолс. Придружете ни се да кажеме дека ни е доста од Безос – пишува на плакатот.

Крис Смолс беше отпуштен откако тој организираше протести поради лошите услови за работа за време на пандемијата на коронавирусот.

Компанијата претходно беше обвинета за уништување на синдикатите, за лоши услови за работа и за ниски приходи на вработените.

Безос важи за најбогат човек во светот, чиј имот се проценува на 161,1 милијарда долари.