Ако биде повреден уште еден војник, Турција ќе ја нападне Сирија

107

Турција ќе ги нападне сириските владини сили на кое било место во северна Сирија, ако уште еден турски војник биде повреден, можеби дури и од воздух, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган рече во Анкара дека Турција е решена да ги потисне силите на сириската влада зад турските набљудувачници во северозападната провинција Идлиб до крајот на февруари.

– Ова ќе го сториме на кој било начин, од воздух или од земја – рече турскиот претседател.