Азербејџан собори ерменски дрон

111

Азербејџан собори ерменско беспилотно летало (АВ), објави Министерството за одбрана на земјата рано утрово, пренесува „Анадолија“. Беспилотното летало било соборено во неделата вечерта додека вршело разузнавачка активност над азербејџанската територија, се вели во соопштението на Министерството.

Во соопштението не се дадени информации за тоа каде е соборен дронот, иако објавите на социјалните мрежи тврдат дека тоа се случило во провинцијата Шамкир, во западен Азербејџан. Ова не е прв дрон уништен од азербејџанските сили откако ескалираа тензиите меѓу двете земји во јули.