Адолф Хитлер – на работ на шизофренија

300

Во текот на Втората светска војна, американската администрација му доверила задача на Волтер Лангер да направи психолошки портрет на Адолф Хитлер и врз основа на тоа да даде соодветни прогнози. Во својот извештај, Лангер напишал дека кај нацистичкиот водач не нашол знаци на вистинска душевна болест, но затоа нашол многу црти на личноста на работ на шизофренија. Лангер исто така во анализа за душевниот склоп на Хитлер го предвидел и неговиот крај, односно психолошкиот декор во коj ќе се случи самоубиството. Според него, би требало да се очекува дека Хитлер ќе ангажира драматична и ефектна сцена за умирање.

Во психонализата на Хитлер, Никола Милошевиќ вели дека со сигурност може да се каже дека Хитлер бил човек со натпросечна интелигенција, но тоа незначи дека се однесувал интелигентно, односно разумно. Според овој автор, фирерот бил сериозно растроен човек со хипертрофирано сопствено јас, односно прекумерен нарцизам. Милошевиќ исто така забележува дека Хитлер носел политички и воени одлуки кои не биле во негов долгорочен, а честопати и во краткорочен личен интерес. Оваа црта на Хитлеровата личноста, психолошки произлегувала од арогантното одмаздољубие, а тоа пак, од еден прекумерен паталошки нарцизам.

Од ова обележје на душевниот склоп, потекнува и отсуството на смисла за реалноста, кое честопати се манифестирало како слепило дури и за некои очигледни факти. Генералот Хадлер во своите мемоари раскажува за бурното реагирање на Хитлер во 1943 година, кога бил информиран дека Црвената армија може да сконцентрира еден милион војници северно од Сталин град и половина милион војници на Кавказ, а бројот на произведените тенкови во советските фабрики достигнал до 1 250 месечно. Штом го слушнал тоа, Хитлер со пена на устата се нафрлил врз човекот кој што го читал извештајот и му забранил да продолжи со читање на тие „будалаштини“.