Автобуска несреќа во Унгарија – еден загинат, 34 повредени

85

Едно лице загина, а 34 се повредени во сообраќајна несреќа во јужна Унгарија на автобус со полски регистарски таблички.

Меѓу повредените, тројца се здобиле со сериозни повреди, меѓу кои и петгодишно дете.

Автобус со двајца возачи и 44 патници се движел кон север кога излетал од автопатот М5. Несреќата се случила утрово под сè уште необјаснети околности недалеку од градот Кишкунфеледеџаз, соопшти локалната полиција за МТИ.

На местото на несреќата загинал 35-годишен патник, а сите други се пренесени во болница со два хеликоптера и 14 амбулантни возила, рече Пал Ѓорфи, портпарол на службата за итни случаи. Делницата на автопатот е затворена за сообраќај во правец на Будимпешта.
Еден загинат, 34 повредени во автобуска несреќа во Унгарија.