Австрија има резерви за германскиот план за миграција

120

Австриската Влада има извесни сомнежи во однос на германската намера за склучување билатерален договор, кој му овозможува на Берлин да ги враќа кандидатите за азил уште на границата со Австрија, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– Се уште не знаеме што точно планира Германија. Но, уште сега можам да кажам дека дефинитивно не сме подготвени да склучиме договор на штета на Австрија, рече Курц.

Тој нагласи дека ако Германија го заостри режимот на своите граници, Австрија ќе го следи нејзиниот пример, и сето тоа на крајот може да доведе до политички притисок за подобра заштита на надворешните граници на ЕУ.