Австрија затвора седум џамии и протерува неколкумина имами

925

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска најави дека во рамки на капањата за борба против „политичкиот Ислам“, Австрија ќе затвори седум џамии и ќе протера неколумина имами, кои биле „финансирани од странство“.

Одлуката е донесена по спроведената истрага покрената откако во јавноста се појавија фотографии од една џамија во Австрија, на која се прикажани момчиња облечени во воени униформи, кои поздравуваат во војнички стил и носат турски знамиња.

Фотографиите биле направени на одбележувањето на годишнината од битката кај Галиполе во Првата светска војна, во која отоманската војска ги поразила сојузничките сили.

Курц, кој важи за жесток критичар на т.н. политички Ислам, предложи и закон за заштита на децата, со кој се забранува девојчиња да носат хиџаб во предучилишните установи и основите училишта.

Според Курц, целата на законот е да се спречи „децата да се соочуваат со дискриминација на таа возраст“.

Од друга страна, Австрија има резерви и кон напорите на Турција за членство во ЕУ, оценувајќи дека во земјата се врши „системско кршење на човековите права и на темелните демократски вредности“.