Австриските и швајцарските скијалишта погодени од лавини

54

Преземена е голема акција за пребарување повеќе исчезнати скијачи кога четири лавини ги погодија скијалиштата во Австрија и Швајцарија.

Според „Скај њуз“, австрискиот ски-центар Ангокел бил погоден од три лавини, а швајцарскиот Андермат бил погоден од една.

Две полесно повредени лица се спасени во Андермат, но се претпоставува дека се затрупани повеќе лица, а операцијата за пребарување и спасување е во тек. Според сведоците, неколку лица биле затрупани со снег. 

– Лавината беше со значителни размери – изјави портпаролот на локалната полиција, Рето Фистер.

Видеоснимката од сведок објавена на blick.ch покажува како лавината ја покрила скијачката патека на која имало неколку скијачи.

Три лавини исто така го погодија Анкогел, ски-центарот во австриската Корушка, соопшти таму портпаролот на полицијата. Една лавина се случила надвор од скијалиштето и затрупала две лица што се спуштале по патеката, пренесува „Ројтерс“.

На терен има повеќе од 60 спасувачи, хеликоптери и кучиња. Портпаролот истакна дека сè уште е рано да се зборува за можни жртви.