Авион удри во автомобили во Феникс, еден загинат

79

Мал патнички авион денеска се урна во Феникс, во американската сојузна држава Аризона, при што удри во два автомобили.

Еден човек што бил во авионот загинал во несреќата, а уште еден 40-годишен маж бил повреден. Нема повредени во автомобилите кои биле удрени од леталото, јавуваат локалните медиуми.

Несреќата се случила во близината на аеродромот Дир Вели, во северните предградија на Феникс.