Авион со 191 патник излета од писта во Индија и се преполови

131

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“ во Керала, Индија. Според првичните информации загинале пилотот и двајца патници.

Медиумите јавуваат дека се повредени 40-тина патници.

Авионот се подготвувал да слета кога се случила несреќата. Откако ја промашил пистата, авионот се скршил на неколку дела. Инцидентот се случил во услови на многу силни врнежи од дожд во областа.

Една локална телевизија соопшти дека многу патници се примени во болница со повреди и дека за среќа авионот не се запалил.

Авионот „Ер Индија експрес“ наводно паднал во теснец длабок девет метри додека слетувал на аеродромот „Карипур“ во Кожикоде.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека авионот е преполовен.