Авиомеханичар украл авион во Сиетл, со кој се урнал во Пацификот

180

Авиомеханичар синоќа украл празен патнички авион на неговата компанија „Алјаска Ерлајнс“ на аеродромот во американскиот град Сиетл, со кого набрзо по полетувањето се урнал во водите на Тихиот Океан во близина на островот Кетрон.

Претставници на аеродромот соопштија дека авиомеханичарот полетал без дозвола со авион од типот Кју-400, кој има капацитет за 78 патници.

Прелиминарната истрага за инцидентот заклучи дека авионот се урнал затоа што авиомеханичарот „изведувал акробации или не бил доволно обучен за летање“.

На социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како авионот кружи над аеродромот во Сиетл.

Очевидци на настанот за американските медиуми изјавија дека веднаш по патничкиот авион, полетал и воен ловец, кој го следел се до уривањето.

Мотивите за ваквата постапка на авиомеханичарот не се познати.