Мрачното наследство на чилеанскиот диктатор Пиноче

179

Во текот на 65 години, одев по патот на должноста и дисциплина.-Августо Пиноче

Џули Макартни забележува дека Чиле денес ужива економска стабилност, државата го удвои својот БДП и ја намали стапката на сиромаштија за половина преку политиките на „агресивна слободна трговија и големи странски инвестиции“, меѓутоа овој напредок е наследство на „мрачното минато“ на Пиноче.

Генералот Августо Пиноче ја презеде власта во Чиле по соборувањето на демократско избраниот претседател Салвадор Алјенде преку воен удар во 1973 година, во овие настани, според Лестер Куртц од „Интернационалниот центар за ненасилни конфликти“, постои сомнеж за вмешаност на ЦИА. Новиот диктатор отпушти многу воени офицери, затвори повеќе весници, ги милитаризираше универзитети и забрани пеење на јавните места. Според „Њујорк тајмс“ повеќе од 3.200 луѓе беа убиени или исчезнаа. Би-би-си пренесува дека и според извештаите за прекршување на човековите права, многу Чиленаци го сакаат Пиноче затоа што ја спасил државата од марксизмот. Диктаторот почина на 91-годишна возраст во 2006 година.

Политичкото наследство на Августо Пиноче е противречно. Фондацијата „Херитиџ“ истакнува дека пред Маргарет Тачер да стане премиерка на Велика Британија или Роналд Реган да биде избран за претседател на САД, Чиле спроведе невидена приватизација и други реформи. Од средината на осумдесеттите до азиската криза во 1997 година, економијата Чиле се зголеми во просек од 7,2 отсто секоја година, проследена со просечна годишна стапка од 3,5 отсто помеѓу 1998 и 2005 година. Исклучителните економски резултати на Чиле и подобрувањето на благосостојбата се признати на меѓународно ниво и се резултат на систематска примена на здрава економска политика.

Жртви на режимот на Пиноче

„Конверзејшн“ забележува дека едно од најголемите влијанија на државниот удар на Пиноче е „неговиот придонес за унапредување на економската теорија позната како неолиберализам, која веројатно ги обликува економиите на многу модерни западни земји до денешен ден. Неолиберализмот во суштина значи оддалечување на државата од целокупното економско управување: државата да повлече многу од регулативите, да ги охрабри слободните претпријатија и конкуренцијата, и да му дозволи на пазарот самостојно да ја утврди својата вистинска вредност“.

 

Сеќавањето на неговиот режим се уште е многу жив. Повеќе од 3.000 луѓе беа убиени или едноставно “исчезна”. Околу 28.000 други луѓе беа жртви на тортура под режимот, кој траеше 17 години.- Џули Макартни

Последната година од владеењето на Алјенде се карактеризираше до масовен протекционизам, хаотична експропријација на земјата, штрајкови, недостиг на храна и др. Кога владата на Салвадор Алјенде беше соборена преку воен удар во септември 1973 година, годишната стапка на инфлација во Чиле изнесуваше 286 проценти. Три месеци подоцна, откако новата влада ги поправи најочигледните нарушувања предизвикани од контролата на цените, инфлацијата се зголеми на 508 проценти. На пример, цената на основната стока се удвојуваше на секои два месеца. Цените за повеќето основни стоки беа фиксирани од страна на владата во 1973 година. Иако Чиле беше мала економија, нивото на протекционизмот беше висок. До крајот на 1973 година, номиналната просечна тарифа за увоз беше 105 отсто, со максимум од 750 отсто. Нетарифните бариери, исто така, го попречија увозот на повеќе од 3.000 од 5.125 регистрирани стоки.

Намалувањето на БДП во текот на 1973 година се отсликува со намалување продуктивниот сектор кој постепено паѓааше под владина контрола или сопственост преку експропријации и други владини интервенции во економијата. Како резултат на тоа, владиното учество во вкупното производство на секторот достигна 70 отсто во 1973 година, со исклучок на индустрискиот сектор каде што изнесуваше 40 отсто. Фискалната ситуација беше хаотична, Дефицитот достигна 55 отсто од расходите и 20 отсто од БДП и беше главната причина за инфлацијата, бидејќи Централната банка издаваше пари за финансирање на владиниот дефицит.

Економскиот раст на Чиле

Меѓутоа денес состојбата е многу различна. Според „Светската книга на фактите“ на ЦИА, Чиле има пазарно ориентирана економија која се карактеризира со високо ниво на надворешно трговска размена, силни финансиски институции, здрава политика и најсилен рејтинг на државните обврзници во Јужна Америка. Во периодот 2003-2013 година, реалниот раст на економијата во просек изнесуваше пет отсто.