Авганистанските сили убија еден од лидерите на Ал Каеда

127

Безбедносните сили на Авганистан го убија Абу Мухсен ал-Мисри, еден од високите водачи на Ал Каеда, кој беше на списокот на ФБИ на најбарани терористи, објави доцна во саботата авганистанската разузнавачка служба (НДС).

За Ал-Мисри, за кој се верува дека е втор во синџирот на команданти на Ал Каеда, и е убиен во специјална операција во провинцијата Газни во источен Авганистан, објави НДС на Твитер, додавајќи дека тој бил врховен водач на индискиот потконтинент.