Авганистанец депортиран од Германија се самоуби во хотел во Кабул

51

Еден од 69-те авганистански мигранти кои беа депортирани од Германија се самоубил по принудното враќање во Авганистан.

Според германското Министерство за внатрешни работи, 23-годишниот човек бил пронајден мртов во хотел во Кабул каде бил сместен по депортирањето. Се работи за човек кој осум години живеел во Германија и очекувал дека ќе му биде одобрен азил.

Германското Министерство за внатрешни работи го забрза депортирањето на одбиените баратели на азил како дел од мерките за заострување на мигрантската политика.