Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер со очекувана победа го започна својот настап на вториот грен слем во оваа сезона Ролан Гарос.

Ова за Швајцарецот беше прв настап во Париз по 2015 година, а во истиот го доби 73. тенисер на АТП листата, Лоренцо Сенего.

За да дојде до оваа победа на Федерер му беа потребни еден час и 41 минута на теренот „Филип Шатрие“ за конечни на крајот 6-2, 6-4, 6-4.