Селекциите на Норвешка, Аргентина и Холандија ќе бидат противници на машката ракометна репрезентација на Македонија во групата Ф, на Светското првенство кое што од 11 до 29 јануари идната година ќе се игра во Полска и Шведска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат тешка задача да бидат меѓу двете најдобропласирани во групата Ф по одигрувањето на групната фаза на Мундијалот.
Улогата на бранител на титулата ќе ја има селекцијата на Данска.

Група А: Шпанија, Црна Гора, Чиле, Иран
Група Б: Франција, Полска, Саудиска Арабија, Словенија
Група Ц: Шведска, Бразил, Африка 2, Уругвај
Група Д: Исланд, Португалија, Унгарија, Кореја
Група Е: Германија, Катар, Србија, Африка 5
Група Ф: Норвешка, МАКЕДОНИЈА, Аргентина, Холандија
Група Г: Африка 1, Хрватска,Африка 3, САД
Група Х: Данска, Белгија, Бахреин, Африка 4.

Турнирот вторпат во историјата ќе се одржи со 32 репрезентации учеснички. Градови домаќини ќе бидат Краков, Гдањск, Плок и Катовице во Полска, односно Малме, Стокхолм, Гетеборг и Јонкопинг.