Македонската шаховска репрезентација (1.871 рејтинг-поени, рангирана 12-та на турнирот), во 8-то, претпоследно коло на 16. Шаховска олимпијада (ШО) за слепи и слабовидни играчи во Грција, минимално загуби со 1,5-2,5 од Германија, рангирана 7-ма (1.975).

Жарко Селковски (1.994) на првата табла со црни фигури загуби од Франк Шелман (2.017), Зоран Костадиновски (1.928) го надигра Олаф Добиерзин (2.019), Блаже Атанасовски (1.794) загуби од Герт Шулц (1.924), а Трајче Димов (1.766) од Герхард Дубала (1.939).

Македонија на коло до крајот е на 15-то место со седум бода (14 поени по табли). Води Русија со максимални 18 бода (26 по табли), втора е Полска со 12 (22,5), а трета Србија со 12 (21,5). Во последното, 9-то коло, кое се игра денеска, Македонија за противник ја има Канада, која на ШО е рангирана последна, 22-ра (1.462).

Г.И.