Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонската одбојкарска репрезентација загуби од фаворизираната селекција на Турција со резултат 1-3 (по сетови 16-25, 25-18, 18-25, 12-25) во вториот меч од квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство, кој се одржува во Скопје.

Македонија успеа да го освои вториот сет, но ривалот сепак беше пресилен и славеше.

„Црвено-жолтите“ утре играат против БиХ, која веќе ја совладаа со 3-1 во првиот меч, а в сабота повторно ќе се сретнат со Турција.

Пласман на Европското првенство кое се игра годинава, ќе обезбедат победниците и петте најдобри второпласирани репрезентации од седумте групи.