Ако сакаме да се пласираме во вториот круг, треба денеска да ја совладаме Србија, која е фаворит и актуелен светски првак, но токму Србија, и тоа во најсилен состав, ја победивме на СП 2013, затоа нема предавање, ни изјави репрезентативецот Дарко Димитровски. Македонија најдобриот пласман на СП го оствари во 2013 година, кога стана вицешампион

КУГЛАЊЕ – ЕКИПНО СП ВО ПОЛСКА

Машката кугларска репрезентација на Македонија загуби од Словачка, со 3.724-3.803 во соборени кегли (1-7 во сетови), во првиот меч од групата Ц на Светското првенство (СП) во Полска.
– Убедлив пораз, но само на хартија. Сепак, тоа беше многу неизвесен дуел, во кој одлучуваа нијанси. Ако сакаме да се пласираме во вториот круг, треба денеска да ја совладаме Србија, која е фаворит и актуелен светски првак. Но токму Србија, и тоа во најсилен состав, ја победивме на СП 2013, затоа нема предавање. Кугларницата е идеална, условите се добри, само нѐ замори напорниот пат од 20 часа и изминати 1.700 км до Полска – ни изјави репрезентативецот Дарко Димитровски.
На СП има четири групи, од кои две се со по четири, а две со по три селекции. Првите две репрезентации од секоја група одат во четврт-финалето. Поединечни резултати од мечот од 1. коло: Марсел Иванчик – Сашо Трпковски 652-645, Марош Лезович – Дарко Димитровски 642-612, Петар Немчек – Ибрахим Мемеди 636-621, Ерик Куна – Борис Бенедик 645-603, Борис Синтал – Дамир Фучкар 626-624, Милан Томка – Димитар Димитровски 602-619.
Македонија најдобриот пласман на СП го оствари во Унгарија, во 2013 година, кога стана вицешампион, загубувајќи во финалето од домаќинот.