Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во првото квалификациско коло за Ју-Ес опен.

Ѓорческа согласно моменталното рангирање не би можела да игра во квалификациите, но сепак организаторите и дозволија да учествува поради фактот дека минатата година беше на 170-то место на ВТА листата за време на турнирот.

Македонска тенисерка паузираше неколку месеци заради повреда на зглобот на раката, но повторно се врати на терените и изминативе два месеци настапи на неколку ИТФ фјучерси.

Ѓорческа во моментов се наоѓа 600-то место на ВТА листата.

Квалификациите за Ју-Ес опен почнуваат на 21 август, а за македонската тенисерка ова ќе биде трето учество.