Леонида Гроздановска од коњичкиот клуб Анималс победи во првиот натпревар, Петар Милошески од Бравадос во вториот, а неговиот клупски колега Самир Реџепи во третиот, највисокиот натпревар, во рамките на Купот на Македонија во прескокнување пречки, во организација на КК Илинден од Хиподром. Милошески го зазема второто место во третиот натпревар. Во натпреварот од класата Д, пак, најуспешна беше Цветанка Георгиев од Бравадос.