Сениорската репрезентација се подготвува за Медитеранските игри во Алжир, јуниорките за Европското првенство во Скопје, а кадетките за Балканијадата во Врање

ОДБОЈКА – ЖЕНИ

Три женски одбојкарски репрезентации се подготвуваат за следните предизвици летово, а по подолг период на собир, во Крушево, е сениорска селекција, информираат од Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Вкупно 30 одбојкарки тренираат под водство на селекторот Стефан Пауновиќ, кој, пак, треба да одреди три состави, па истовремено работи со три возрасни категории. Во тренажен процес се по 12 сениорки и јуниорки (генерација 2004-та и помлади) и шест кадетки (2006-та и помлади), пишува ОФМ на својата интернет-страница.
Македонските сениорки треба да настапат на Медитеранските игри во Алжир (од 25 јуни), каде што се во групата Б, заедно со Грција, Тунис и со Египет. На 17 јули, јуниорките, пак, ќе ги продолжат подготовките за Европското првенство до 19 години во Скопје (од 27 август до 4 септември). Во конкуренција на 12 селекции, Македонија е во група со Полска, Италија, Словенија, Грција и со најдобриот од квалификациската група во која се Црна Гора, Франција, Финска и Австрија. Претходно кадетките ќе играат на Балканијадата во Врање (6-10 јули), а тие се во група со Турција и со Романија.
Сета оваа активност во женската одбојка е заради остварување на планот да се формира сениорската репрезентација, која немаше натпревари повеќе од една деценија, пишува ОФМ.