Италијанецот Томас Чекон (21) постави нов светски рекорд на 100 метри грбно на 19. Светско првенство (СП) во Будимпешта, со време од 51,60 секунда, што беше побрзо за 25 стотинки од стариот рекорд на четирикратниот олимписки шампион, Американецот Рајан Марфи испливан на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Рио, во 2016 година. Марфи го освои второто место.
– Немам зборови, за противници имав олимписки шампион од 2016-та и други силни конкуренти, затоа сум многу среќен. Не размислував за никаков рекорд или за време пред почетокот, само ја пливав сопствената трка – изјави Чекон, кој е вториот Италијанец светски рекордер, по Џорџо Ламберти на 200 метри слободно од 1989 година. Л.Д.