Ајлин Гу/Фото: Инстаграм

Лицето на спортските соништа на Кина е американско, тврдат медиумите од САД за Ајлин Гу (18), која забележа подем во популарноста за време на Зимските олимписки игри во Кина.

– Снежната принцеза Гу Ајлинг ќе блеска на домашните Олимписки игри – гласи насловот на државната кинеска агенција „Синхуа“, која ја пишува Гу според нејзиното кинеско име.

Но 18-годишната олимпијка има уште еден дом, велат американските медиуми – САД каде што е родена, од татко Американец и мајка Кинеска, каде што ја откри нејзината љубов кон спортот. Во 2015 година, само неколку месеци по пробивањето на светската сцена, спортската ѕвезда родум од Сан Франциско, објави дека ќе почне да се натпреварува за Кина наместо за САД, што го привлече вниманието на спортската јавност.

– Ова беше тешка одлука за мене. Горда сум на моето наследство, исто како и на американското воспитување – нашиша Ајлинг на Инстаграм.

Оттогаш Гу стана познато име во Кина, каде што ја следат речиси два милиона луѓе на кинеската социјална мрежа „Веибо“, покрај соработката со бројните спонзори и документарните филмови посветени на неа.

Зад успехот се крие голем притисок што се должи на односите помеѓу Кина и САД во време на геополитички тензии додека таа ја застапува земјата на нејзината мајка. Истовремено Гу се занимава со манекенство додека студира на американскиот Универзитет „Станфорд“.

Гу која ја претставува Кина од 15-годишна возраст, важи за фаворит за златниот медал во три дисциплини во Пекинг, со што е извесно дека Кина ќе ја слави, а САД и натаму ќе ја присвојуваат како спортистка поникната на нивно тло.

Фото: Инстаграм