Фото: Твитер/Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го загуби судскиот процес во обидот да остане во Австралија и очекува да биде депортиран од државата.

Судиите ја одбија жалбата на одлуката со која австралиската Влада ја укина неговата виза по вторпат.

Ваквата одлука ги згасна надежите на 34-годишната тениска ѕвезда за освојување на рекордниот 21-ви гранслем трофеј на овогодишното издание на Австралија опен.

Ѓоковиќ истакна дека е екстремно разочаран, но оти ја почитува одлуката.

– Ќе соработувам со властите во врска со моето заминување од државата – се наведува во изјавата на српскиот тенисер, кој утре требаше да го одигра првиот меч на турнирот во Мелбурн.