Ски-планинарењето е скијачка дисциплина што вклучува искачување планини или на скии или со нивно носење, во зависност од стрмнината на искачувањето, а потоа спуштање на скии. Вклучувањето на овој спорт во програмата за ЗОИ 2026 ќе се состои од пет нови натпревари за медали, по две дисциплини за мажи и за жени (спринт/индивидуално) и еден штафетен настан, мажи и жени заедно

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) лани едногласно го одобри вклучувањето на ски-планинарството, управувано од Меѓународната ски-планинарска федерација (ИСМФ), како дополнителен спорт за програмата на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо во 2026 година.
Вклучувањето на овој спорт во програмата за ЗОИ 2026 ќе се состои од пет нови натпревари за медали: по две дисциплини за мажи и за жени (спринт/индивидуално) и еден штафетен настан, мажи и жени заедно.
Истите пет ски-планинарски настани придонесоа за успехот на Зимските младински олимписки игри во Лозана во 2020 година, овој спорт е особено популарен во Италија, со длабоки историски и спортски корени низ алпските региони, ски-планинарството е брзорастечки зимски спорт меѓу аматерите/викенд-практичари, Европа е континентот каде што ски-планинарството доживеа најголем развој, но во претходните години сѐ повеќе учесници, и на професионално и на аматерско ниво, се идентификувани низ светот, пишува ИОК на својата интернет-страница. Целосната програма за настани и квотите за спортисти ќе бидат одредени на состанокот на ИО на МОК во јуни 2022 година.
Олимписката агенда за 2020 година воведе нова флексибилност во олимписката програма, преминувајќи од програма заснована на спорт во програма заснована на настани, што се рефлектира во правилото 45 од Олимписката повелба.

Оваа промена, исто така, им даде можност на релевантните организациски комитети за Олимписките игри да дадат предлог за вклучување на еден или повеќе дополнителни настани во спортови управувани од меѓународна федерација признаена од ИОК за нивното специфично издание на Игрите, пишува ИОК.
Според информациите, ски-планинарењето е скијачка дисциплина што вклучува искачување планини или на скии или со нивно носење, во зависност од стрмнината на искачувањето, а потоа спуштање на скии. Постојат две главни категории опрема што се користи, телемарк-скии и скии базирани на алпски скии. Натпреварувачкиот дел е тркачки настан што следи воспоставена патека низ предизвикувачки зимски алпски терен додека се минува низ низа контролни пунктови. Тркачите се качуваат и се спуштаат користејќи опрема и техники за скијање.