Фото: Архива

Томислав Јотовски се пласираше во второто коло на фјучерс-турнирот во Скопје откако го победи Олександар Бјелински од Украина со 6-3 и 6-2 во сетови, со што остана единствен македонски тенисер на овој турнир. Јотовски претходно помина две кола во квалификациите, покажувајќи дека е во добра форма.

Останатите четворица македонски претставници беа елиминирани во првото коло – Обрад Марковски загуби од Фреунд од Шведска со 4-6, 2-6, Стефан Мицов успеа да му земе само три гема на Нестеров и загуби со 3-6, 0-6, а во слична ситуација беше и Бесир Дургути кој беше елиминиран од Пол од Швајцарија со 2-6, 1-6 по сетови. Од македонските тенисери, загуби и Гораз Србљак, во дуелот против Хабиб со резултат 5-7, 3-6.

Следен противник на Јотовски е седмиот носител Јакуб Пол од Швајцарија.

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска победи во второто коло на турнирот во Поертшаш, Австрија, што се игра за награден фонд од 60 илјади долари. Таа со пресврт ја совлада Германката Ева Лис со 0-6, 6-4 и 6-4 по сетови.