Фото: Емил Јовановиќ

Светскиот шаховски првак Магнус Карлсен утре ќе ја почне својата нова сезона, со настапот на турнирот во Вајк ан Зе (Холандија), турнир често именуван како шаховски Вимблдон. Тоа ќе бидат првите негови мечеви во класичен шах по одбраната на титулата лани во декември, во обид да ја достигне својата следна цел – рејтинг од 2.900 поени на листата на Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Неговиот моментен рејтинг по натпреварот за светската титула е 2.865, имаше 2.882 на месечните листи на ФИДЕ во 2014 и во 2019 година, а неговиот неофицијален дневен врв на рејтинг во живо е 2.889, пишува „Гардијан“. На турнирот што се игра од 1938 година ќе настапат 14 шахисти, се игра еднокружно, во 13 кола, со предвиден тајбрејк со сите играчи што евентуално ќе имаат ист број поени на врвот на табелата.