Ивановски годинава постави четири национални рекорди (лани дури 10), вкупно 24 во кариерата. Тој е рекордер на Македонија во девет дисциплини

АТЛЕТИКА

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, на вчерашната трка „Скопје трча“ постави нов рекорд на Македонија на 10 км, на пат, со време 29,44 минути, подобро за 14 секунди од неговиот поранешен рекорд.
Во минатиот месец Ивановски (24) стана балкански шампион во полумаратон (21,1 км) во Тирана, Албанија, со време од 1:04,55 час, што беше и нов национален рекорд (и претходниот беше негов, 1:06,08 часа). Претходно, на 27. Балканското првенство во Истанбул (Турција) во сала, во трката на 3.000 метри тој постави нов рекорд на Македонија, со време од 7:58,48 минути, и стана првиот македонски атлетичар што 3.000 метри истрчал за помалку од осум минути.
Ивановски годинава постави четири национални рекорди (лани дури 10), вкупно 24 во кариерата. Тој е рекордер на Македонија во девет дисциплини, на 1.000 метри на отворено (2:28,04 минути), на 1.500 метри во сала (3:44,98), на 3.000 метри во сала (7:58,48), на 3.000 метри на отворено (8:06,66), на 5.000 метри на отворено (14:02,32), на 10.000 метри на пат (29:44) минути), на 10.000 метри на отворено (30:04,66), во полумаратон (1:04,54 часа) и во маратон (2:21,27 часа).