Македонскиот тенисер Томислав Јотовски заедно со Антони Генов од Бугарија ќе игра во полуфиналето на фјучес-турнирот во Скопје во конкуренција на двојки.

Македонско-бугарската комбинација денес беше подобра од македонската двојка Стефан Мицов и Берк Бугариќ со резултат 7-6, 7-5 по сетови. Јотовски и Генов во следниот меч ќе се соочат со третите носители Швеѓанецот Симон Фројнд и Данецот Јоханес Ингилдсен.

Соработката помеѓу Јотовски и Генов функционира успешно, со оглед на тоа што се во конкуренција за уште еден трофеј, откако годинава победија на турнирот во двојки во Гиза, Египет.

Јотовски претходно не успеа да избори пласман во четврт-финалето во поединечна конкуренција, откако загуби од фаворизираниот Швајцарец Јакуб Пол со 6-7 и 2-6 по сетови.

Фјучерсот во Скопје се игра на земјена подлога за награден фонд од 25 илјади долари.