Фото: Фејсбук

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не се најде меѓу четворицата најдобри тенисери на јуниорскиот гранслем-турнир Вимблдон.

Македонецот попладнево загуби од Шпанецот Педро Роденас (Шпанија) со 1-2 во сетови.

Во меч што траеше два часа, Ивановски го доби првиот сет со 6-3, вториот го загуби на тај-брејк со 6-7 (5-7), а третиот со 4-6.

Роденас во полуфиналето ќе се сретне со Хрватот Мили Пољичак.