Фото: Фејсбук

Македонски тенисер, Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Македонецот попладнево во шеснаесеттинафиналето го победи 11-от носител, Родриго Пачеко Менедез во два сета.

Ивановски првиот сет го доби со убедливи 6-1, а во вториот резултатот беше 6-2, односно на противникот му препушти вкупно три гема во мечот што траеше еден час и четири минути.

Противник на македонскиот тенисер во осминафиналето ќе биде Литванецот Едас Бутвилас кој важи за осми фаворит на турнирот.