Фото: Твитер/Ф1

ФОРМУЛА 1

Актуелниот првак во Формула 1, Макс Ферстапен, го забележа својот 21. триумф во кариерата, на трката на улиците на Џеда (Саудиска Арабија), по големата борба со Шарл Леклер во последните неколку круга од втората трка сезонава. На третото место се најде Карлос Саинс Јуниор.
– Беше многу тешко и двајцата бевме многу брзи. Имаше подеми и падови. Моравме да изведеме некои трикови и среќен сум што успеав да дојдам до првата победа – изјави Ферстапен.
Леклер, победникот на првата трка сезонава, водеше во поголемиот дел од трката.
– Уживав во трката. Беше тешко, но фер и секоја трка треба да биде ваква. Бевме брзи во свиоците, но, сепак, сите честитки до Ферстапен – рече Леклер.
Серхио Перез стана првиот мексикански возач што избори пол-позиција пред почетокот на трка во Ф1. По две трки води Леклер со 45 бода, а потоа се Саинс со 33, Ферстапен со 25… Третата трка сезонава се вози на 10 април во Австралија.