Фредерик Демонфакон

Со оддржување на првиот од низата семинари и едукации кои се дел од проектот „Подобри го својот клуб“ Џудо Федерацијата на Македонија (ЏФМ) ќе ги стартува годишните активности за подобрување на работата на тренерите во македонските џудо клубови. Предавач на семинарот кој оваа сабота и недела ќе се оддржи во спортскиот центар Кале во Скопје ќе биде Фредерик Демонфакон, ЕЏУ експерт од Франција 6 ДАН, кој е и лидер на проектот „Подобри го својот клуб“. Покрај Демонфакон на семинарот како висок претставник на ЕЏУ ќе биде присутна и Џејн Бриџ, потпретседателка на Европската Џудо Унија.

Џејн Бриџ

Согласно агендата, Демонфакон ќе оддржи четири сесии практична работа со македонските тренери на кои темата ќе биде работа со џудисти на возраст од 12 до 14 години. За разлика од Демонфакон кој своите знаења и искуства ќе ги пренесе на татамите, Бриџ ќе ги информира македонските тренери и клубови за тековните и идни проекти на ЕЏУ.

Во рамките на семинарот ќе им биде обновена лиценцата за работа на постоечките џудо тренери, ќе бидат издадени и нови лиценци за работа на џудо тренерите кои ги исполнуваат условите од правилникот за едукација и лиценцирање на џудо тренери.

Семинарот е дел од проектот „Подобри го својот клуб“ се одржува под покровителство на џудо федерацијата и Европската Џудо Унија, и истиот е одобрен по направените состаноци во Луксембург.