ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС

Австралиецот Мајкл Метјус имаше брилијантно возење и победи на тешката и ридска 14-та етапа на велосипедската трка Тур де Франс, долга 192,5 километри, пишува „Би-би-си“. Метјуз ја постигна четвртата етапна победа на Тур во неговата кариера. Јонас Вингегард ја задржа жолтата маичка за водечкиот во генерален пласман, откако ги спречи нападите на бранителот на титулата Тадеј Погачар. Првиот обид на Погачар да го изолира Данецот предизвика хаос во пелотонот речиси веднаш штом почна етапата, а тој се обиде повторно да му одземе време на патот кон познатиот брег непосредно пред целта. Сепак, Вингегард цело време се држеше до тркалото на Погачар и го стори истото тоа кога Словенецот спринтуваше кон линијата. Герент Томас загуби 17 секунди од првите двајца, но всушност ја зацврсти својата позиција на подиумот и тој уште е трет, сега со 18 секунди пред Ромен Барде. Денеска е слободен ден.
– Сакав да им покажам на сите дека не сум само спринтер, туку можам да возам како што возев денеска – изјави Метјус.

Пласман по 14 етапи: Јонас Вингегард (55 часа, 31 минута, една секунда), Тадеј Погачар (плус 2:22 минути), Герент Томас (плус 2:43 минути), Ромен Барде (плус 3:01 минути), Адам Јејтс (плус 4:06 минути) итн.