Фото: Твитер/Новак Ѓоковиќ

Одлуката за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ по втор пат е очигледно ирационална, кажа адвокатот на најдобриот светски тенисер, Ник Вуд, на денешното итно судско сослушување, пренесува „Си-ен-ен“.

– Дали вашата висост имаше време да ги прочита причините на министерот – го запраша Вуд судијата Ентони Кели, во однос на одлуката за укинување на визата од страна на австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук.

Вуд потоа тврдеше дека Хоук ја поништил визата со образложение дека присуството на Ѓоковиќ во Австралија би можело да го поттикне антиваксерското расположение. Адвокатот го оквалификува образложението како „радикално нов пристап“ од страна на властите во одбидот за депортација на тениската ѕвезда.

Случајот со укинувањето на визата на Ѓоковиќ би можел да биде предаден на повисоки судски инстанци, односно пред Федералниот суд, според судијата Кели.

Новото сослушување би требало да се одржи во текот на утрешниот ден, со што не е прецизиран терминот.