АТЛЕТИКА – КУП НА МАКЕДОНИЈА

Таа ја заврши трката со време од 35:00,30 минути, што е речиси за една минута подобро од досегашниот, кој изнесуваше 35:53,33
Македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова постави нов државен рекорд во трката на 10.000 метри на Купот на Македонија, кој се одржа во Скопје, притоа подобрувајќи го претходниот рекорд за речиси една минута, што претставува одличен резултат. Адријана Поп Арсова ја заврши трката со време од 35:00,30 минути, додека претходниот рекорд, исто така во нејзина сопственост, изнесуваше 35:53,33 минути.
Кај мажите, пак, на оваа делница најбрз беше Атанас Анчевски од клубот Делта, кој постигна време од 32:01,06 минути.
Екипен победник на Купот на Македонија е клубот Делта од Скопје, втор е Најк Ран, а трет Кираџиев.